„Овој собраниски состав нема мандат од граѓаните за да се има промена на Устав. На пример вчера и денес има во Собранието шведска делегација, и ние разговаравме и тие велат видете ние во Шведска кога сакаме да имаме уставни измени тогаш истиот тој ден се распушта Собранието и одиме пред гласачите како Програма бидејќи тоа ќе биде централно во следниот мандат промена на Устав во Шведска и за тоа граѓаните одлучуваат и потоа се враќаме и или го менуваме или не го менуваме Уставот“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „Обнова на Македонија“ во гостување во емисијата „24 Анализа“.
Пренџов додаде дека под овие околности со уцени од страна на Бугарите нема гласање на уставни промени.
„Никогаш во Македонија односно со последнава анкета од пред неколку дена не се случило да 72% од граѓаните велат дека државата оди во погрешна насока. А, во истата таа анкета има едно прашање кое вели вака – општо земено дали Република Македонија е демократска земја, 61% одговориле дека Република Македонија не е демократска земја. А, во 2017-та година кога СДСМ ја презеде власта 37% рекле дека не е демократска земја. СДСМ дојде со 37% кои што велеа дека не е демократска земја за да ја демократизираат Македонија и од 37% да падне на 7% на доверба, СДСМ за жал ја донесе државата на 61%. И тоа е најголемиот пораз лично на СДСМ“, нагласи Пренџов.
Тој посочи дека СДСМ со доаѓање на власта не донесоа демократија како што ветуваа, а тоа го покажува и последната анкета каде 61% од граѓаните се изјасниле дека Македонија не е демократска држава.
„Правда е кичмата на општеството, а моментално Македонија е во количка затоа што и е скршена кичмата од власта“, укажа Пренџов.