Сергеј Попов,советник од ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје во своето гостување во емисијата на Радио Лидер зборуваше за работатa и функционирањето на градот Скопје каде потенцираше дека градоначалничката Данела Арсовска не реализира ниту еден проект од програмата која беше промовирана во предизборната кампања „За Модерно Скопје“.
-Реалноста е дека имаме градоначалник кој што застрани од сето она за кое што ние дадовме поддршка, тоа беше програмата „За Модерно Скопје“. Од таа програма досега не е реализирано апсолутно ништо, а и како што гледаме нема некоја најава дека проектите ќе почнат да се реализираат. Ние како политичка партија пред околу еден месец се разединивме со градоначалничката, Данела Арсовска и сега како што гледам таа има поддршка од таа огнена група на ДУИ која што во кампањата не даде поддршка за нејзината кандидатура туку за нејзиниот против кандидат, Петре Шилегов. Сега мене не ми е јасни чива програма ќе се реализира? Јавните претпријатија ги водам кадри или на ДУИ или на СДСМ, директорот на ЈСП е човек кој што го има на безброј фотографии фотографирани на централниот штаб на Бихаќа и во други партиски штабови, останати директори имаме од Демократската унија за интеграции. Да сумираме имаме ситуација каде што не можеме да бидеме преголеми оптимисти дека ветените проекти ќе почнат да се реализираат, рече Попов.
Попов во текот на своето гостување се осврна и на проблемот на ЈСП каде укажа дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје поднесе иницијатива каде што било наведено во одреден рок да се пренаменат средства од Буџетот за решавање на проблемот со ЈСП.
-Како претседател на Унија на млади сили можеби бев прв на удар кога младите се разбудија и утрото немаа превоз бидејќи автобускиот превоз во Скопје според мене најмногу го користат средношколците да стигнат до своите школи, студентите да стигнат до своите факултети, младите вработени да стигнат до своите работни места и затоа сметам дека прв на листата од револтот бев јас. Како советничка група поднесовме иницијатива во која што наведовме одреден рок во кој градоначалничката односно градот Скопје требаше на Советот да му достави одлука со која што ќе пренамениме средства од Буџетот и ќе го решиме овој проблем, вработените ќе земат плата и градски превоз ќе има. Тој ден бевме сведоци на една какафонија каде што градоначалничката не можеше сама со себе да се договори дали е виновен градот, дали е виновна Владата, дали се криви општините кој што наводно должат на ЈСП. Сакам да истакнам дека градоначалниците не должат пари на ЈСП и ние цело време се расправавме со градоначалничката кој е виновен за тој проблем. Како советничка група изреагиравме експресно брзо, поднесовме иницијатива, беше свикана вонредна седница, потоа и втора вонредна седница каде што беше изгласана таа одлука и автобусите функционираат. Првата иницијатива не се изгласа едногласно, од која причина советниците на град Скопје не гласаа за таа иницијатива јас не можам да сватам, искрено делуваше како да има коалиција меѓу власта во владата и власта во градот Скопје, додаде Попов.