23.07.2023

Попов: За прв пат во Македонија, политички подмладок и младите од цела држава сами ја пишуваат програмата за млади, нема некој што знае подобро за младите од самите нив

На вториот ден од саемот на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусијата на тема „Младински политики“ свое обраќање имаше Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека за прв пат во Македонија политички подмладок и младите од цела држава сами ја пишуваат програмата за млади, бидејќи нема некој што знае подобро за младите од самите нив.

„Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ наметнуваме нови трендови на младинската политичка сцена. Така беше и ова лето кое го започнавме работно имено најавивме 2 нови активности на УМС првата беше подкаст кој што го започнавме пред две недели и помина навистина одлично и истиот ќе продолжиме понатаму да го развиваме и напредуваме се со цел да го направиме поприфатлив за младите. За прв пат во Македонија политички подмладок создава сопствена програма, сам ја пишува програмата и за тоа му е дадена слобода. Затоа се заблагодарувам на раководството на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, што ни даде можност имаше верба во нас да ние самите започнеме да пишуваме наша сопствена програма“ нагласи Попов.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Попов додаде и дека проектите кои ќе произлезат од целата акција, од проектот ќе станат официјален став на партијата ВМРО-ДПМНЕ, и тие идеи ќе  станат дел од програма на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ програмите не си ги заборава, туку ги реализира.

„Затоа што реално не знае никој што му треба на еден млад човек од самите млади. Токму затоа како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, како најголем и најдобро организиран политички подмладок во Македонија се дрзнавме на еден ваков чекор и тргнавме во организирање на еден ваков караван за пишување на идеи започнување на една младинска платформа младинска програма на ВМРО-ДПМНЕ. Првиот дел од караванот заврши посетивме голем дел на населени места се сретнавме со млади луѓе од сите категории сите сфери и области на општественото живеење. Разговаравме со млади лекари, земјоделци спортисти буквално со сите категории на млади луѓе средношколци студенти и сите останати ги собиравме идеите, слушавме учевме од нив што имаат да ни кажат и денеска сме излезени со првиот сет на идеи кои ги презентиравме на овој саем. На крајот од овој викенд ние ќе ги согледаме идеите ќе ги надградиме овие ваши предлози и проекти за млади луѓе, процесот по завршувањето на овој саем ќе продолжи ние ќе продолжиме да бидеме присутни на терен помеѓу младите во сите места каде што ние се движиме ќе бидат присутни луѓе од УМС на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја пишуваат новата понуда односно новата визија и новиот пат кој младите ќе го одат на чело со влада предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Најважно од се е дека ВМРО-ДПМНЕ се обврза дека проектите кои ќе произлезат од целата акција од овој проект ќе станат официјален став на партијата ВМРО-ДПМНЕ, затоа е многу важно да се дадат овие идеи бидејќи стануваат дел од програма на ВМРО-ДПМНЕ а ВМРО-ДПМНЕ програмите не си ги заборава туку ги реализира“ нагласи Попов.