08.03.2024

Пешевска за 8ми март со порака до жените: Не застанувајте и не се откажувајте, туку на секој неуспех гледајте како на нова можност утре да бидете подобри

Ние – жените сме непоколебливо решителни кога треба да се надминат пречките, затоа што умееме да се прилагодиме, иновативни сме во сите животни ситуации, посветени и секогаш подготвени да се подобруваме самите себе.

Солидарноста, отворениот дијалог, меѓусебната поддршка и соработка се одлични можности за да го промениме светот во кој живееме.

Мојата порака до секоја една жена е:

Пред да зачекорите кон животните цели, имајте на ум дека ќе наидете на многу пречки, проблеми и неуспеси.

Не застанувајте и не се откажувајте, туку на секој неуспех гледајте како на нова можност утре да бидете подобри.

Никогаш не се сомневајте во вашите способности!

Вие сте родени за да успеете, затоа што сте ЖЕНИ!

Следете го сопствениот инстинкт и чекорите храбро и одлучно кон промените.

Да го славиме секој наш успех, да си бидеме инспирација едни на други и заедно да ја градиме иднината во која еднаквоста и еднаквите можности ќе бидат реалност.

Среќен меѓународен ден на жените!

https://www.facebook.com/share/v/u1NaBPyqbKZYfcht/?mibextid=oFDknk