14.02.2023

Петрушевски: Срамно е универзитетски професор како Апасиев да нема познавање на правото и да поднесува такви законски измени

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио „Лидер“ зборуваше законот кој вчера Левица предводена од Димитар Апасиев го поднесе во Собранието.  Петрушевски посочи дека  се поставува прашањето како е можно еден универзитетски професор по право да поднесе измени во еден таков закон.

– Со помош на СДС, ДУИ и власта се изгласа скратена постапка на законот, но сепак поддршката од СДСМ дојде за Левица. Ние не ни бевме внатре во салата затоа што како што претходно изјавив ги оставивме сами. Меѓутоа и тука има еден сериозен проблем зачудувачки за еден универзитетски професор по право, со оглед дека не сум правник, вчера вечерта се консултирав со сериозни правници, особено во казнената материја на правото и сите беа зачудени како е можно еден универзитетски професор по право да поднесе еден таков закон, рече Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски укажа дека сето ова се должи на нереформираното и коруптивното судство и обвинителство.

– Повлечен од популизмот дека одредени кривични дела во Македонија застаруваат, што е факт, меѓутоа вината овде треба да се бара во нереформираното и коруптивното судство и обвинителство. Тој предлага застарувањата на кривичните дела и застарување на извршувањето на кривичните дела да се зголеми, и тоа е во ред ,се до моментот на Уставот кој што вели закон важи од момент на стапување на сила на тој закон, додаде Петрушевски.