22.06.2023

Петрушевски: Случајот со Мерко го потврдува кажувањето на претседателот Мицкоски дека дедуизацијата е неопходен процес во Македонија

На ДУИ очигледно не и одговара темата со Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга и неговото ставање на црната листа на САД, па затоа не реагираат, за други настани реагираат, но не и за овој, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

„Има можности ДУИ да реагира, можеби не да го смени од градоначалник, но на пример исклучување од партијата и слично. Дополнувањето на црната листа на САД со Мерко е сериозен показател дека тоа што го кажува претседателот Христијан Мицкоски оти на Македонија и е потребна дедуизација е нешто неопходно што треба да се случи“, рече Петрушевски.

Петрушевски укажа дека од ДУИ се метастазирани во сите институции на правосудниот систем, како и во други институции, и изненадува што од ДУИ е наведен само Мерко.

„Ковачевски со изјавата како може да знаат во САД за Мерко, а не и домашните институции, покажа дека судството е руинирано. Сите случувања и со Судскиот совет на пример покажува вклученост, длабока вклученост на политиката. Ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш укажуваме дека некои кадри кои ги предлага Владата, претседателот за членови во правосудниот систем не се соодветни и укажуваме дека има политички, бизнис влијанија и слично“, кажа Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски укажа дека за кривичните за Мерко и молчење за истите, сите кои се вклучени во ова криење на пријавите треба да одговараат.

„Се ова покажува дека процесот на дедуизација на Македонија и е неопходен и треба да се случи час поскоро, дури и пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт. Дедуизацијата е корисна за сите“, посочи Петрушевски.