20.09.2022

Петрушевски: Власта предлага човек за уставен судија кој што не постапуваше или несоодветно постапуваше во сите скандали обелоденети во јавноста

„Согласно нашите закони за жал единствен услов да станеш уставен судија, кој што има деветгодишен мандат, значи деветгодишен мандат и ужива деветгодишен имунитет е да те предложи владејачкото мнозинство. Во нашето законодавство нема никакви критериуми кој може да биде уставен судија освен да биде истакнат правник, тоа е формулацијата. И низ таа формулација се протнуваат сите можни кандидати кои што одговараат на владејачкото мнозинство.  За уставни судии се предлагаат како почнувајќи од последниот актулениот државен јавен обвинител, човек кој што во изминатиот период и те како не постапуваше или несоодветно постапуваше во сите скандали обелоденети во јавноста кои што директно се случуваа од власта“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на МРТВ.

Петрушевски додаде дека и сега бидејќи актуелниот јавен обвинител одработил за СДСМ, одработил за ДУИ, истиот тој треба да биде уставен судија по логиката на власта.

„И наместо како сите останати граѓани во Република Македонија на 68 години да ужива во пензионерските денови, господинот Јовевски треба да биде уставен судија уште девет години до 77 години за да му врати она што СДСМ нели го задолжила“, рече тој.

Пратеникот додаде дека многу очигледно е дека СДСМ за многу скоро ќе стане опозиција и преку своите уставни судии ќе се обидува да ја попречува работата на идната реформска Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во своето гостување Петрушевски се осврна и во делот на функционирањето на Собранието.

„Во делот на функционирањето на Собранието, јас повторно не можам да разберам од јавните настапи на функционерите односно на пратениците на власта дали функционира Собранието, или не функционира. Затоа што час ќе слушнете дека е функционално Собранието, и дека активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ е неуспешна, и дека ништо не можеме да спречиме, тоа од една страна ќе го слушнете, а кога им е потребно за своите неуспеси да обвинат некој друг тогаш тие ќе  кажат дека ВМРО-ДПМНЕ блокирало одредени закони“, појасни Петрушевски.

„Од активна блокада подрзабираме филибастеринг, тоа се долги говори и употреба на амандмани и се она што ни го овозможува Законот, Деловникот па и Уставот на Република Македонија за да спречиме донесување на штетни закони. Значи се она од друга страна што ќе биде добро за граѓаните од аспект на финансиски импут, за полесно надминување на оваа криза која што ја имаме, ние ќе поддржиме и сме поддржувале“, потсети пратеникот.

Тој нагласи дека се што е во интерес на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи, но се она друго што не е законски нема  да се поддржи. Петрушевски исто така говореше како Талат Џафери ја спаси власта и не дозволи референдум.

„Џафери како претседател си има преземено малку поголема моќ од она што реално му го дава Уставот и законите“, вели пратеникот.

„Единствена причина беше Талат Џафери да го спаси СДСМ како што впрочем и во минатото сме биле сведоци во повеќе наврати, да ги спаси од едно изјаснување на граѓаните по однос на штетниот Договор за добрососедство кој е се само не е Договор за добрососедство“, рече Петрушевски.

Тој посочи дека тој договор кој требаше да ги унапреди односите, тој ги заостри и сега се наоѓаме во една комплицирана ситуација.

„Доказ за тоа е и мислењето кое моментално граѓаните го имаат спрема Република Бугарија, сите истражувања кажуваат дека ние во полоша ситуација како соседи со Република Бугарија не сме биле никогаш во историјата“, кажа Петрушевски.

Петрушевски додаде дека Џафери си само демонстрира самоволие, Уставен суд, закон што значи дека се е предводено од таа една личност во државата.

„Почитта односно не почитта која ја покажува спрема опозицијата и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ќе биде возвратена со механизмите и алатките кои ни се на располагање, a тоа се неучество во неговите координации и продолжувањето на активната блокада“, дециден е Петрушевски.