22.10.2024

Петковска: Транспарентни сме и имаме слух за мислењето на експертската јавност, критериумите во Законот за јавни набавки ќе бидат заострени

Во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма Телевизија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска се осврна на ситуацијата околу Законот за јавни набавки.

Според Петковска, законот е повлечен поради заострување на критериумите за избор на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набвки.

„Од она што го имам како информација до овој момент, законот е повлечен заради заострување на критериумите за избор на претседател“, рече Петковска.

Таа нагласи дека е неопходно да се разјасни во каква форма законот ќе биде повторно доставен по повлекувањето од собраниска процедура.

„Кога ќе се повлече, ќе видиме од поднесувачите на овој закон какви ќе бидат следните чекори“, додаде Петковска.

Петковска ја нагласи важноста на повлекувањето на Законот за јавни набавки.

„Токму фактот што е повлечен е доволен показател дека владата има слух за експертската јавност. Скратената постапка беше заради што станува збор за јавни набавки кои се клучен генератор за криминал и корупција во државата и не смее да се чека ни ден“