Премиерот Димитар Ковачевски непојавувајќи се на суд и повикувајќи се на имунитет покажува дека лажел на говорница во Парламентот и наместо да приложи документи се повикува на имунитет, но тој треба да биде човек со интегритет бидејќи е премиер. Многу ми е чудно што носител на функција мора да поседува интегритет, а на Ковачевски не може да му се верува и тоа е многу јасно, рече Ели Панова, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ говорејќи на вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа, а зборувајќи за тоа што премиерот се повикува на имунитет по тужбата на пратеникот Драган Ковачки и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку Ковачевски лажно го обвини Ковачки дека кодошел, крадел документи од АРМ, издавал информации и тргувал со информации со странски структури, по што Ковачки поднесе тужба за премиерот.
Според Панова многу е јасно кој е премиерот тоа е „човек за кој имаше огромна афера „Пиксел груп“ и која не е истражена, за него има уверение зошто избегал од војска и слично“.
„Ова што го прави Ковачевски е демонстрација на моќ. Тој кажува дека на говорница ќе зборува се што сака, а другите ќе ги дискредитира или ќе ги дискредитира пратениците од опозицијата и од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Панова додавајќи дека за разлика од него пратениците на ВМРО-ДПМНЕ своите тврдења и тези било од пресови било од говорница во парламент ги докажуваат со аргументи, документи и слично.
Панова посочи дека ако има институции тие ќе влезеа во наведените фирми поврзани со премиерот и ќе имаше некаква реакција, но додаде таа „ние гледаме дека тие се семоќни и оти судството е партизирано, едноставно нема кој да постапува кога станува збор за корупција, а се поврзува со име не некој од власта“.
„Во изминатиов период виодовме дека обвинителот Љубомир Јовески не сака да постапува кога станува збор за некој од власта“, рече Панова.
„Судството е целосно партизирано, и обвинителството исто така. Едноставно нема кој да реагира додека оваа гарнитура е на власт. Треба да има некој храбар обвинител кој што би ги истражил сите криминали, и би собрал документи, докази и би покренал обвинителен акт. За жал, во изминатиов период видовме дека Љубомир Јовевски како државен јавен обвинител едноставно не сака да постапи за никакви индиции за сторени криминали и истите кои што потекнуваат од СДСМ и ДУИ завршуваат во одредена фиока“, истакна Панова.
Панова се осврна и на изборот на новата претседателка на Судски совет, Весна Дамева.
„Во 2019-та година, таа како предлог има произлезено од Стево Пендаровски. Од една страна ние гледаме дека предлогот пристига од Стево Пендаровски и е потпишан од Стево Пендаровски. Тој се повикува на неговата надлежност дека има право да предложи членови на Судскиот совет и ја предлага Весна Дамева за член на Судскиот совет“, укажа Панова.
Пратеничката рече дека кога се говори за борба против корупцијата, за партизирано судство, за партизирано обвинителство, на граѓаните им е јасно сѐ, власта веќе не крие дека ги има партизирано овие институции. Канџите на власта се целосно навлезени во целиот правосуден систем.
„Ова повеќе не изненадува со партизираноста на судството и обвинителството. Мене што ми е поразително е што кога дал таков предлог Пендаровски, тој требал да ја отвори биографијата и да прочита дека на пример госпоѓата Дамева студирала осум години на Правниот факултет. Осум години исто по примерот на Катица Јанева и оваа госпоѓа веројатно студирала осум години на Правниот факултет. Според мене ова е поразително за сите нас, бидејќи јас сум правник по локација, ова е поразително за сите нас кои што сме учеле, сме се труделе да завршиме на време, да завршиме со просек, да постигнеме одредени резултати и еве да станеме нешто во нашите животи“, нагласи Панова.
„Кога се огласи американската амбасадорка тогаш се разбрануваа одредени страсти и можам да кажам дека дури тогаш министрите проговорија на темава бидејќи веројатно ова е за нив само затворена тема. Корупцијата пред 20 години била на многу пониско ниво отколку денес. Ако пред 20 години сме биле како држава околу 68 место, ние во меѓувреме додека се СДСМ на власт го достигнавме до 111-то место и сега се држиме околу 100-то место“, рече Панова.