„Не мислам дека било какво подобрување ќе има во економскиот дел ниту во било кој дел со оваа реконструкција на Влада. Тотално непознати се предложените кадри во реконструкцијата на оваа Влада“ , изјави Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Тој додаде дека реконструкцијата на Влада е и заради „Огнената група“ во ДУИ.
„Друга работа зошто е оваа реконструкција на Влада направена е заради т.н „Огнена група“ во ДУИ која гледаме дека е многу моќна и многу масовна и на сите внатрепартиски собири имаат супер посетеност и под директен удар на нив е вицепремиер и за што се не министер Артан Груби“, рече Пандов.
Пандов посочи дека во оваа реконструкцијата на Влада има министри за кои поима немаме ниту што се ниту кои се тие, а со Димитар Ковачевски, Арган Груби, Бујар Османи, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ или Љупчо Николовски ние не можеме да имаме промена.
„Не можеме да имаме македонско национално единство со македонска партија како СДСМ која немакедонски се однесува. Кај нив личниот интерес и партискиот интерес им е се. За жал конкретен пример за тоа е ова со реконструкција на Влада со влез на Таравари кој силно ја критикуваше власта и ДУИ“, вели Пандов.
Тој е дециден дека имаме луѓе на власт кој не знаат да кажат не, политички луѓе кои некој нешто не им побарал, а они не испорачале без никаков обзир кон македонските национални интереси. Во институциите во државата внатре имаме криминалци и корумпирани луѓе кои не си ја работат нивната работа.
Со почит,