25.12.2023

Николоски: На власта криминалот и правењето брзи пари им се врвен приоритет, тие ја создаваат корупцијата, но по промена на власта одговорност ќе има

Се случи тоа што го кажав, ги предвидов овие работи, кажав дека измените во Кривичниот законик се однесуваат на поранешните генерални секретари на владата Драги Рашковски и Мухамед Зекири и гледаме дека или поминуваат полесно или се на слобода, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „За или против“ на Алфа телевизија.

Тој нагласи дека измените во КЗ се однесуваат на министрите од првата влада на Заев кои повеќе не може да бидат повикани на одговорност како и на самиот Зоран Заев. 

– Така што јасно е дека овие измени се донесоа во корист на власта и тоа важи и за политичарите  од ДУИ.  СДС и ДУИ свесно влегоа во овој процес и имаа спремни медиумски кампањи, а законот го пуштија со европско знаменце за комплетно да заврши за три дена. Тука лицето си го покажа и Стево Пендаровски кој стави потпис откако се изгласа законот, што значи имаше добра координација на власта и јасна медиумска кампања за напад на ВМРО-ДПМНЕ за да се создаде перцепција дека сите се исти и создавање на проблеми во партијата. А резултатот на тоа уништен правен систем во Македонија.  И затоа сега местење на тендер веќе не е кривично дело, се избриша тој став и тие што местат тендери се слободни граѓани, истакна Николоски.

Николоски потенцираше дека од владата се правдаа дека ова се времени измени, гледаме дека нема никаква работна група и лажеа дека ова германски модел па дури и Европската комисија кажа дека ова е злоупотреба на европското знаменце, така што јасно е дека законот е за спасување

– На владата криминалот и правење брзи пари им се врвен приоритет, а не заштита на националните интереси.  Не може да очекувате ништо од луѓе кои ја создаваат корупцијата, тие се нејзини автори, тие ја создаваат и го уништуваат системот. На нив ќе работи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, одговорност ќе има, ќе има враќање на украдените средства и тоа ќе биде еден од првите приоритети. Мора да се знае кои се бандити, а кои не се, ваква влада не смее да ни се повтори. Во вакви услови да го крадете народот е понижување, мора да има одговорност, изјави Николоски.