22.02.2023

Николоски: Кога ги фативме и извадивме Груби и ДУИ за криминал, тие велат ние сме антиалбанци, нема ништо антиалбанско во тоа што тие се фатени во криминал

Во вечерашната емисија на „Јади Бурек“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека досега корупцијата во Македонија не е исчистена, и нема ништо антиалбанско кога се презентираат во јавност криминалот и корупцијата на ДУИ и Артан Груби напротив тоа е во корист на народот.

„До сега корупција во Македонија не е исчистена. Ние како ВМРО-ДПМНЕ изнесуваме корупција за политичката партија ДУИ. За Артан Груби пет дена по ред кажуваме што прави и како прави и е многу нервозен и не знае да се справи со ситуацијата. Ние вадиме криминал за ДУИ и за Артан Груби тие одговараат ВМРО-ДПМНЕ е антиалбанска партија. Што има врска крадење со антиалбанство. После тоа ние вадиме криминал и корупција кај Артан Груби тие мене ми ставаат зборови во уста кои што не сум ги кажал дека јас сум повикувал на војна. Нашиот одговор е многу едноставен а одговорот доаѓа и преку неколку текста кои што денес ги прочитав на проминентни новинари Албанци, на кои што очигледно им е јасно што се случува кои што велат „немојте да зборувате дека ВМРО-ДПМНЕ е антиалбанска партија кога ви го вади криминалот и корупцијата“, криминал и корупција нема ништо со антиалбанство напротив тоа е во корист на народот“ нагласи Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски додаде и дека единствена војна која може да ја има е против организиран криминал и корупција после промените на избори и секој ќе одговара.

„Инаку затоа што деновиве водат црна кампања против мене, знам јас дека многу ги боли тоа што криминалот и корупцијата го вадиме, уште повеќе ги боли што за мене нема ништо да извадат, затоа што нема ништо за мене, а најдобра потврда на тоа е изјавата која што ја даде Арбен Таравари, вели да го прашам Николовски зошто во прислушуваните разговори од 2015 година него го нема, па бидејќи не сум правел тоа што не треба, затоа ме нема во прислушуваните разговори, затоа што сум гледал да работам чесно и одговорно. За разлика од Арбен Таравари јас куќа на поклон не сум добил. А во однос на закани со војни од тука да им се заканам со војна против организиран криминал и корупција. После промената на изборите да војна ќе има, ама војна против организиран криминал и корупција и ќе си одговараат од прв до последен“, истакна Николоски.