19.07.2023

Николоски: ДА за членство на Македонија во Европската Унија, но НЕ за уставни измени под бугарски диктат

„Други гости кои претходно доаѓале ни кажале дека силно лобираат и им се јавуваат кај нив премиерот и вицепремиерот со барање да дојдат тука и да ја убедуваат јавноста дека рајот е на следната врата и само треба овие лошите момци од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за да се отворат рајските врати. Дел од нив од одбиваат да дојдат, дел доаѓаат неволно, мислам дека убеден не е никој од тие што доаѓаат“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Според Николоски доаѓањето на гостите и посетите во Македонија се со цел да се прифати неизвесност, односно сега Македонија да влезе во процесот на Уставни измени со тоа што ќе го вметне дел од бугарскиот народ што живее во Македонија во Уставот, но никој не гарантира дека тоа ќе е последно затоа што самата бугарската Влада има вели дека има потпишано протоколи со Владата на СДСМ и ДУИ, протоколи кои после тоа треба да се реализираат, а кои директно удираат во суштината постоењето на македонскиот народ и македонската држава.

„Тие доаѓаат за работа која Владата на Македонија ја прифатила, тие не се страна во спорот, тие не се страна која одлучува. Тие велат ние сакаме да почнете преговори за да почнете преговори вашата Влада прифатила ова. Проблемот е тоа што Владата прифатила. Ние ги ислушавме и им ги кажавме нашите позиции и им се заблагодаривме и им кажавме ДА за членство на Македонија во Европска Унија, НЕ за уставни измени под бугарски диктат. Тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ непроменет и таков е една година“, вели Николоски.

Тој додаде дека не само што се спори определувањето на национално клучните македонски фигури, туку тие покренуваат иницијатива да се премести вечното почивалиште односно  гробот на Гоце Делчев од Скопје во Благоевград.

„Овој Француски, според мене Бугарски предлог затоа што се што побараа Бугарите го имаше на предлогот е официјално прифатен од Владата на Македонија и тие доаѓаат за предлог за кој Владата која што е во Македонија го прифатила. Тие не доаѓаат да наметнат нешто или да се убедуваат, туку велат дека ова Владата го прифатила. Проблемот е што Владата на СДСМ и ДУИ без никаков легитимитет ниту изборен, ниту по однос на ова прашање прифати работи за кои нормален човек не би разговарал. Сега ние сме во ситуација да ВМРО-ДПМНЕ е единствениот браник на македонските национални интереси дома, а надвор да изгледа и помалце проблематично, да изгледа и со многу прашалници нашиот однос надвор затоа што тие кога тргаат од дома читаат што е ситуација со спорот помеѓу Бугарија и Македонија, што е решение, бугарската Влада предложила македонската Влада прифатила и сега тоа да се изгласа во Собрание, кај е проблемот? ВМРО-ДПМНЕ не се согласува“, посочи Николоски.

Според него со овој предлог Македонија останува без култура, историја и  наследство. Јазикот нема да е веќе засебен јазик туку дијалектна форма на бугарскиот јазик затоа што тоа го прифатила Владата во Македонија.

„Суштината на проблемот е што Владата прифатила ваква работа и во овие година дена Владата вели дека е супер оваа работа и Ковачевски, Османи, Маричиќ и Ахмети велат дека ова е најдобрата работа што може да и се случи на Македонија за само македонскиот народ да се откаже од себе“, заклучи Николоски.