„Ако нешто ВМРО-ДПМНЕ знае тоа е економија, убедливо имаме најсилен економски тим. Еве еден пример како е со општините, во најголем дел од општините ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалници и може да се погледне и види што за година дена направија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и да се спореди што за четири години претходно со централна власт поддршка направија нивните претходници градоначалници од СДСМ и јасно е се околу економијата“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“ на Телевизија Сонце.
Тој посочи дека во првите три месеци кога ВМРО-ДПМНЕ би била на власт треба да се исчисти со криминалот и корупцијата затоа што ако не исчисти со криминалот и корупцијата тогаш парите ќе тонат и нема да ги гледаме. Доколку во првите 3-6 месеци не се расчисти со корупцијата и криминалот тогаш ние економија нема да имаме затоа што странските инвестиции нема да инвестираат во такви корумпирани услови.
„Македонија може многу добар економски перфоманс да има. Можеби ова ќе звучи многу чудно што ќе го кажам сега. Како резултат на воената криза во Украина и секоја криза која е во економијата е шанса за паметни држави, бидејќи бројни странски инвеститори кои што беа во цела источна Европа не само во Украина размислуваат како да си одат од таму и да дојдат на посигурно бидејќи тие во Германија и Франција не се враќаат затоа што имаат 50% данок и да мислеле дека е добро таму тие ќе си останеле и немало да излегуваат од таму и да одат како странски инвестиции и тоа е првиот сет на странски инвеститори кои можат да се привлечат во Македонија“, рече Николоски.
Николоски кажа дека вториот сет е втората криза која се случува во светот затоа секоја криза треба да се гледа како шанса а тоа е големиот судир кои се случува под површината помеѓу САД и Кина. Тоа е судир кој не е воен судир но е суди во секоја друга форма.
„Бројни западно европски компании имаат инвестирано Кина и тие од политички причини гледаат како да си одат од таму и повторно тие во Германија Франција или Америка нема да се вратат заради оданочувањето но можеме да ги натераме да дојдат во Македонија“, вели Николоски.
Тој е дециден дека доколку овие две политики се завршат тогаш ќе се дуплира буџетот и ќе може да се реализираат бројки проекти кои сега за власта се мислена именка.