27.02.2023

Николов: Јавното здравство е основата на секој здравствен систем, затоа мора да се зајакне

Прво, во последната година изгубивме многу лекари кои од јавното заминаа во приватно здравство, доколку се продолжи вака ќе нема персонал кој ќе лечи. Второ, имаме проблем и со средниот медицински персонал, тие заминуваат надвор од државава, а тоа е случај со сите кои се дел од медицинскиот кадар, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија 24.
Корона пандемијата, рече доктор Николов, покажа дека основата на секој здравствен систем е јавното здравство.

Според Николов Владата не  реализираше ништо од ветуваното во областа здравство.

„Владата не направи ништо од тоа што ветуваше ниту за пациентите, ниту за медицинскиот персонал, ниту за инфраструктурата во здравството. Огромен е проблемот со одлив на медицински кадар. И по тоа прашање не се прави ништо“, заклучи Николов.