Ни се случи колапс на здравствениот систем, а тој систем е составен од три столба и тоа приматели на здравствени услуги тоа се осигурениците, даватели на здравствени услуги и здравствените работници и фондот за здравствено осигурување каде со парите на осигурениците ги покрива потребите а целиот систем, изјави Претседателот на комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ Игор Николов во вечерашното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на Денот“.
„После две недели криење на состојбата разбравме дека има крах на здравствениот систем каде една трудница не може да добие лекови и таа треба да чека или потпишува формулари документи и потоа да праќа мејл во фондот па тој да врати и се вративме на рачно работење односно се вративме на пишување“, рече Николов.
Николов посочи дека како втора работа не само една трудница, туку сите оние кои требаше да добијат боледување сите тие пациенти беа блокирани во целиот систем.
Тој додаде дека дополнително здравствените работници беа блокирани од целиот систем и со чиста совест тој може да каже дека ова беше работ на целосна блокада на здравствениот систем.
„За тоа мора да постои одговорност, заради тоа што нервозата на пациентите не ја чувствуваат во фондот бидејќи таму видовме дека новинар тешко пристапува. Нервозата на пациентите е кога недостасува лек и осигурување а ја чувствуваме ние здравствените работници во амублантите“, вели Николов.
Тој додаде дека вакво едно ноншалантно и бахато однесување со една потврда дека Директорот имал решение за одмор кој тој сам си го издава е навистина чудно и смешно.
„Заради тоа повикувам да си преземат одговорност надлежните бидејќи видовме дека Директорката и Директорот на Фондот немаат никакво основно елементарно чувство за пружање на здравствени услуги особено за итноста на здравствените услуги и тука би повикал не само тие да си поднесат оставка туку и тие што ги назначиле, а бидејќи немаме одговорен министер за здравство тоа треба да го преземат одговорните во Владата дури и премиерот Ковачевски“, дециден е Николов.