09.04.2024

Муцунски: Разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски во првиот круг ќе биде огромна, тоа дополнително ќе ги мотивира тие кои ја гледаат ВМРО-ДПМНЕ како единствена алтернатива и надеж за враќање на македонската држава

Во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, тој истакна дека на граѓаните доста им беа 7 години негативна енергија и преку глава им е од ситни манипулации, злоупотреби и криминал.

„Колку што пониско тие удираат ние толку повисоко се качуваме бидејќи преку глава им е на граѓаните од негативна енергија. Доста ни беше 7 години негативна енергија, преку глава им е од ситни манипулации, злоупотреби, криминал и корупција“, истакна Муцунски.

Тој продолжи и додаде дека најлесен начин да се бори против лагата е со позитивна енергија.

„Најлесен начин да се борите со лагата е со позитивна енергија, проекти, увид да се врати надежта да Македонија биде подобро место за живеење ние тоа ќе го правиме“, истакна Муцунски.

Тој истакна дека според анкетите ВМРО-ДПМНЕ се движи околу 54-55 пратеника, како и дека разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски на 24 април ќе биде огромна.

„Објективно разликата е преголема да било каква лажна информација влијае на крајниот исход. По анкетите кои ги гледам ВМРО-ДПМНЕ се движи околу 54-55 пратеници. Со добар резултат кој ќе го има професорката Гордана Силјановска Давкова на првиот круг претседателски избори ќе се создаде дополнителен бран кој ќе ги демотивира гласачите на СДСМ а дополнително ќе ги мотивира тие кои ја гледаат ВМРО-ДПМНЕ како единствена алтернатива и надеж за враќање на македонската држава“, потенцираше Муцунски.