23.05.2024

Муцунски:Веќе е повеќе од јасно дека тоа што ветивме ќе го реализираме, на ДУИ местото е во опозиција, а со Вреди сме блиску до конечен договор

Местото на ДУИ е во опозиција тоа што го ветивме го реализираме. Блиску сме до договор со Вреди, не можам да кажувам детали, но извесно е дека сме блиску до конечен одговор, рече Тимчо Муцунски на гостување во Тема на дена во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител    
Околку бројот на пратеници во Собранието, Муцунски кажа дека  „извесно е дека ќе имаме повеќе од 70 пратеници, постои можност владината коалиција да има и 80, но во следниве денови ќе видиме како ќе изгледа тоа“, посочи Муцунски.
Говорејќи за тоа дали Знам ќе биде дел од новата влада, Муцнски рече дека комуникацијата не треба да се води преку јавноста, така укажа тој  процесот го водиме во неуспех.
Според него можно е да се постигне и се работи на тоа  да има и двотретинско мнозинство за клучни теми.
„Со Вреди, евентуално и со Знам има двотретинско мнозинство. Целта е да се изврши промена на Законот за организација и работа на органите за државна управа пред да се формира новата влада. Тоа беше едно од нашите ветувања, бидејќи со тоа ќе правиме модернизација во владата, а со тоа и искоренување на огромен број непотребни институции кои не покажале ефикасност и затоа мислам ќе постигнеме голем консензус“, изјави Муцунски.
ВМРО-ДПМНЕ она што го зборуваше до сега, сега мора да го реазлизира.
„Ние сме партија која нудела решенија кои треба да го направат процесот на интеграција во ЕУ предвидлив, но да имаме и некоја сигурност. Остануваме и на ставот со одложена примена, и дека Бугарија треба да ги применува пресудите на Судот од Стразбур. Остануваме на позициите и со поддршка од стратешките партнери и нашиот сосед Бугарија мислам дека може дојде до реализација на нашата идеја“, вели Муцунски.
Во врска со Преспанскиот договор, Муцунски кажа дека секоја страна треба да ги почитува обврските, и оти обврски има и Грција.
„Тоа што ние сме го кажале дека на ВМРО-ДПМНЕ не му се допаѓа Договорот од Преспа, дека е погрешен, понижувачки, останува, но истовремено не можеме да бегаме од уставната и правната реалност која тој ја има создадено во нашата држава“, кажа Муцунски.