„Исто така денес зборувавме и за процесот за т.н. уставни измени кој што е прифатен еднострано, од страна на Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, од овој поставен премиер Димитар Ковачевски без никакви консултации со народот во Македонија, со граѓаните. Исто така и без никакви консултации со ВМРО-ДПМНЕ, со опозицијата. Тоа е еден процес кој што дополнително го усложни пристапувањето на Македонија во рамките на ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски за Алфа телевизија од Брисел.
Мицкоски додаде дека уставни измени се процес во кој што фрустрацијата кај Македонците е посебно на многу високо ниво, повеќе од 80% од Македонците велат дека не би поддржале ни под било која цена, ни под било кои околности промена на Уставот.
„Разговараме за проблемот кој што сега ние сите го имаме на маса, а кој што за жал оваа Влада повторно ќе кажам на ДУИ поддржана од СДСМ го донесе. Ние и тогаш зборувавме дека процесот на преговори за Македонија не почнува, туку почнува за Албанија. И тогаш велевме дека имаме основано сомневање дека некој од членовите на Владата не работат за интересите на Македонија и граѓаните на Македонија, туку работат за интересите на Албанија. Но, и тогаш бевме некако игнорирани, и тоа што ние го зборувавме како да не беше сфатено сериозно. Година дена потоа ги реафимиравме истите наши позиции дека уставни измени под овие околности, под бугарски диктат ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека на средбите се зборуваше за двата предлози кои што ВМРО-ДПМНЕ ги стави на маса пред Димитар Ковачевски и за кои што до ден денеска нема одговор за дадените предлози.
„Имаме два предлога кои што се на маса и кои што се резултат од лидерската средба и за кои што немаме одговор“, потсети Мицкоски.
„Зборувавме и за фрустрацијата која што ја имаат македонските граѓани бидејќи повеќе од две децении трае оваа голгота на македонските граѓани. повеќе од три децении трае голготата на македонскиот народ, кој што мораше да се откаже од на пример од своето знаме, потоа да се откажат од своите банкноти, потоа да прифатат уставни измени како резултат на Охридскиот Рамковен договор, потоа да прифатат уставни измени на начин на кој што го протурка Владата на СДСМ и ДУИ и промена на уставното име. А, за возврат да не добијат ништо. Многумина од државите беа позади Македонија во овој процес, многумина од државите беа позади нас, но за жал Македонија се уште е во ходникот,а за среќа на тие држави тие се сега дел од ЕУ и нивите знамиња се веат овдека и тие можат да учествуваат. Зашто? Затоа што нашиот народ не ја доби фер шансата од страна на европските институции, како што тоа го добија другите народи од Централна и Источна Европа“, појасни Мицкоски.
Тој нагласи дека пораката на ВМРО-ДПМНЕ е дека мора македонскиот народ да добие фер шанса, доста е од понижувања, доста е со омаловажување. Затоа се потребни час поскоро избори, за да оваа Влада замине во историјата.