01.08.2023

Мицкоски: Уставните измени нема да поминат, купуваат време за да нема предвремени избори со рибарски приказни

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа изјави дека власта спроведува политика на купи ден – продај за да нема предвремени парламентарни избори укажувајќи дека уставните измени нема да поминат.

Стратегијата е купи ден, продај. Ама нема да помине, јас им кажувам нема да помине, дециден е Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека се шпекулации дека некој има влијание врз пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени, односно како што изјави такво нешто не постои, тоа е повторно во делот на рибарски приказни и теоријата на заговор.

Талат Џафери кажа дека ќе ја прекине седницата и потоа ќе почнат лов на пратеници, тие и сега имаат лов на пратеници, но тогаш ќе почнат непринципиелни методи. Се носат некои закони за амнестии, па имаше шпекулации дека тука ќе бидат опфатени личности кои што биле дел од поранешното раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои што наводно биле влијателни кај некои пратеници од пратеничката група, но такво нешто не постои. Тоа е повторно во делот на рибарските приказни и теоријата на заговори, нагласи Мицкоски.