25.04.2024

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија, ИКТ секторот државата ќе го стимулира

„Цениме дека тоа што таму е содржано е практично нешто кое што ќе биде испорачано“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкатост „Каде се парите“ во однос на „Платформа 1198“.

Во своето гостување се осврна на дигитализацијата и ИКТ секторот. 

„Мора да имаме дигитална трансформација во Македонија ако сакаме да постигнеме 2 работи. А, тоа е зголемена економска активност со сите атрибути коишто таа ги содржи со себе задоволни клиенти задоволни инвеститори, добра економска и инвестициска средина итн. Значи зголемена економска активност кажано во неколку збора“, појасни тој.

„И второто е да владее правото затоа што ќе едното со другото се надополнуваат. Нема да имате вие доверба кај потенцијалните инвеститори, без разлика дали се домашни или надворешни ако во државата не владее правото. Односно ако имаме еден зголемен транспарентен начин на комуникација со граѓаните на институциите. Од каде појдовме? Појдовме од проблемот со издавањето на патни исправи“, рече тој. 

Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија. Комуникацијата помеѓу институциите во Македонија не е само помеѓу државните институции, вертикалната комуникација. Туку и помеѓу државните институции, општините. Помеѓу државните институции, општините и граѓаните, помеѓу државните институции, општините, граѓаните и бизнисот.

„Целта на дигиталната трансформација на Македонија е сето ова да биде во еден систем кој што меѓу себе ќе комуницира“, посочи Мицкоски. 

Тој додаде дека кога се зборува за дигитална трансформација се подразбира и политичка алатка, а тоа е дигитален попис. Дигиталниот попис е и политичка и социолошка алатка, но таа пак е потребна за да се има импут во економијата со што се располага како ресурс, човечки, интелектуален итн. Така што дигиталната трансформација во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебно место и ќе има посебно министерство за дигитална трансформација кое би требало да биде некакво продолжение на министерството за информатичка технологија и администрација, со тоа што администрацијата се уште се размислува, но најверојатно ќе конвегира кон решение да биде составен дел на министерството за локална самоуправа.

Околу темата за ИКТ сектор Мицкоски истакна – „Што се однесува до ова што го зборуваме ИКТ индустријата мислам дека тука треба и покрај тоа што тие велат не бараме ништо, државата како држава да стимулира и да најде начин како да ги стимулира бидејќи тука додадената вредност е огромна, нема трошок. Паметот е тука.

„Ќе треба време, нашиот план е дека до 8 години целосно ќе ја дигитализираме Македонија, до 8 години од почетокот, а првите две години ќе има значителен прогрес и ќе биде забележливо сето тоа. Сега јас го разбирам вашето прашање има предизвици со кои се соочуваме, а тоа е дека прво сите оние кои се дел од ИКТ индустријата многу малку сакаат да бидат дел од администрацијата бидејќи примањата се лимитирани, не се предизвик нели, не можете сега во администрација затоа што е инженер компјутерски да му дадете два пати, три пати повеќе плата од неговиот колега теоретски кажано правник. Има правила на игра и тој вели јас не сакам тогаш тука да работам во ова министерство, ќе одам во некоја компанија која може да ме плати ќе ми даде 2 – 3 илјади евра. И тоа е факт затоа ние треба да размислиме дали и веќе конвергираме кон една комбинација со тие две работи министерствата и генерално државната управа мора да имаат еден централизиран систем кој практично ќе служи како алатка и кои тие ќе го користат за да ги завршуваат овие работи, а тој централизиран систем ќе комуницира со аутсорсинг компанија која што пак ќе го заокружи целиот овој проект и тие треба да работат во синергија“, појасни тој.