16.11.2022

Мицкоски: СДС да не лаже и измислува за Ванчо Михајлов туку да се извини за злоделата на комунизмот врз македонскиот народ

„Борбата на македонскиот народ за своја сопствена, независна држава во срцето на Балканот започнува од многу порано. И во тој континуитет имаме и организација – внатрешната македонска револуционерна организација т.е. ВМРО. Во тој период се случува Илинденското востание и не успева, но покажува еден вид желба, храброст за првпат на Балканот да се создаде едно такво движење. Многу луѓе во тој период прават работи за првпат. И тој континуитет продолжува, да не беа тие илинденци ќе го немало АСНОМ, ќе ги немало оние првите чети на партизаните кои што ги носат имињата на Гоце Делчев и другите револуционери“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде дека дел од луѓето како Павел Шатев завршуваат трагично токму поради репресивните мерки кои што комунистичкиот режим ги аплицира врз нив и нивното македонско чувство.

„Ако СДС, а на почетоците СКМ–ПДП, Сојуз на комунистите на Македонија – партија за демократски просперитет па потоа се трансформира во СДС, го прифати сето ова и се самопрогласи себеси како наследник на тој комунистички режим. Најмалку што треба наместо неосновано да спинува и да лаже, да се извини пред македонските граѓани за злоделата кои што тој комунистички режим ги има аплицирано врз македонските дејци, врз македонските патриоти, луѓето кои што се бореле за македонска држава во срцето на Балканот“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.