14.06.2023

Мицкоски: Промена на Устав под бугарски диктат нема, едно е јасно во парламентот нема 80 пратеници за прифаќање измените на СДС и ДУИ

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски при своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека промена на Уставот под бугарски диктат нема да има, а исто така според последните случувања може да се заклучи дека власта нема 80 пратеника за изгласување на истите тие измени.

„Е кога сме до тоа од она што тие го прифатија, можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ такво нешто нема да прифати, нити јас, нити пак пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно предлог кој што се темели на бугарскиот диктат. И почна онаа голгота имаме 2/3, немаме 2/3, вакви пратеници, такви пратеници“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија е заглавена кон полноправно членство за ЕУ, а за тоа е виновна власта. 

„Во Парламентот нема 80 пратеници кои што ќе го прифатат бугарскиот диктат. Што значи тоа? Тоа значи дека сега Македонија е заглавена во патот кон полноправно членство кон ЕУ. Нешто што одамна овој народ и држава го заслужија“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека граѓаните многу дадоа за тоа членство, започнувајќи од знамето до насилното менување на Уставот и промена на уставното име, кое што денеска никој не го користи освен власта и ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија вели ние сме прокативни, ние диктати не прифаќаме, но свесни апсолутно за процесите, свесни за иднината на Македонија и народот, и граѓаните во оваа држава сме конструктивни и сме проактивни и нудиме континуирано решение кое што не го задираат идентитетот и кои што не се понижувачки“, појасни Мицкоски.