01.08.2023

Мицкоски: Пред 20 години некој да ми кажеше дека СДС ќе стане ваков измеќар на ДУИ и толку да се потценат за пари и моќ, немаше да верувам

Борбата на власта е да го премостат август да дојдеме до септември и кога ќе дојдеме до септември веќе е беспредметно ние да имаме избори наесен бидејќи ќе нема време кога секако редовните се на пролет и они си викаат дај да го премостиме ова – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ коментирајќи ги плановите на СДС и Ковачевски.

Тој во текот на своето гостување потенцираше дека некој да кажувал дека пред 10, 15 па и 20 години СДС ќе стане таков измеќар на ДУИ и дека толку ќе се потценат за пари и моќ немало да верува.

Но СДС оставете го на страна таму е многу акутна состојбата. Сега ДУИ се бори преку СДС и преку овие што се опозиција на опозицијата како да го спушти ВМРО за да се доведеме како ВМРО-ДПМНЕ во ситуација ако сакаме да правиме идна влада да мораме да ја правиме со нив. Инаку јас ги разбирам овие неколкумина од СДС  тие не само што ќе бидат владино и  политички завршени, некое идно раководство од СДС ќе ги шутира од таму. Мене некој ова да ми го кажувал пред 10, 15 па и би рекол 20 години дека СДС ваков измеќар ќе биде, немало да верувам, ќе речев теорија нема, тоа да се случи. Овие вчера се јавуваа, овие денес им случуваат, на ништо не личи, дури мене ми е срам што ги гледам во каква состојба се доведени. Па толку ли вредат тие пари, таа моќ, толку ли вреди образот да си го изгубите, порача Мицкоски.