22.07.2023

Мицкоски: По 20 години време е ДУИ да премине во опозиција, на следните парламентарни избори непријатно ќе бидат изненадени од резултатот

Нашиот став многу пати сме го кажале и тој е непроменет, а тоа е дека очекуваме промена во составот на владата, односно 20 години присуство на ДУИ во владата е предолг период. Треба да се даде можност и прилика и на други.

Мицкоски потенцира дека консолидираната група на политичари и политички субјекти кои ќе се спротивстават на ДУИ на следните избори ќе постигне добар резултат.

Барем нашите анализи се такви.  Мислам дека тие малкумина во раководството на ДУИ по следните парламентарни избори ќе бидат изненадени непријатно од резултатот  и ценам дека бројот на пратеници на тој консолидиран блок кај Албанците во Македонија заедно со останатите етнички заедници може да состави бадентерово мнозинство во парламентот, изјави Мицкоски.

Во однос на избори Мицкоски изјави дека има три опции, првите две претседателски во март, а парламентарни во јуни, или едни заеднички, според најавите од владата, но трета опција е брзи избори оваа есен.

Третата опција е да имаме избори оваа есен со тоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ се согласуваме во измени во изборниот законик да практично биде избришан оној дел од техничката вада, да може оваа влада да ги подготви тие избори и да одиме на брзи парламентарни  избори.  Ценам дека оваа трета опција би била најдобра за иднината за граѓаните и иднината на Македонија.