06.12.2023

Мицкоски: Постои јасна коалиција СДС, Левица и ДУИ

Денеска во Град Скопје имате јасна коалиција помеѓу ДУИ, Левица и СДСМ. Еве една одлука ќе ви кажам, а тоа е одлуката за субвенции коишто беа исплатени до Јавното сообраќајно претпријатие. Без да има одговор на тоа зошто се префрлени, каде се потрошени и како се потрошени гласаа советниците на Левица, СДСМ и ДУИ, , истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на неговото гостување во емисијата „Интервју на Шења“ кое се емитува на ТВ Шења, говорејќи за тоа дека токму тие кои обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицирала со Левица се во јасна коалиција со оваа партија.

„Јасна е коалицијата на советниците на СДСМ и Левица во општина Аеродром. Јасна е коалицијата на советниците на СДСМ и Левица во општина Велес и можам да ви редам многу такви општини. Сега за што зборуваме, каква порака испраќаме? Кажете ми како советникот на ДУИ од Сарај гласаше заедно со советникот на Левица за иста одлука?“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека несфатливо и збунувачки е како партиите од власта од една страна соработуваат, а од друга ја обвинуваат Левица за проруска партија.