01.08.2023

Мицкоски: Оставките на ДУИ не треба да се гледаат сериозно, ставот е јасен, уставни измени нема да има, изборите се единствено решение

Оставките на ДУИ не треба да се гледаат сериозно. Постапките немаат суштина и тие велат оставките ќе важеле кога опозицијата ќе гласала за уставните измени. Оставките тогаш ќе биле ефективни. Формално такво нешто не постои, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

Мицкоски укажа дека Димитар Ковачевски имал две понуди, важење на уставните измени кога Македонија ќе стане земја членка на ЕУ и распуштање на Парламентот барање на гаранции.

„Ние рековме единствена опција се избори и по неколку недели нападнати од афери за криминал, корупција, немање реформи, анкети од кои јасно се гледа дека и ДУИ губи супстанца, СДСМ одамна ја изгубено“, кажа Мицкоски.

Кај ДУИ посебно е важно колку помал број пратеници да освои ВМРО-ДПМНЕ пратеници, посочи Мицкоски и додаде – „и да не може да направи влада без ДУИ“.

„Во таа ситуација СДСМ е неупотреблив, затоа се обидуваат со т.н. политички партии кои се опозиција на опозицијата да го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ. Нив целта им е да го намалат потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.  

Мицкоски заклучи дека ставот е јасен, уставни измени нема да има, изборите се единствено решение.