22.04.2024

Мицкоски: Обединувањето околу ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на политичкото мочуриште на ДУИ и СДС и тоа им пречи

„Мислам дека СДС од поодамна го има изгубено кредибилитетот да зборува за обединување околу евроинтеграциите. Имаа тие можност ако сакаа да се обединат веднаш после локалните избори пред да го прифатат бугарскиот диктат и да капитулираат во името на Македонија за да останат уште 2 години да ја ограбуваат Македонија. Имаа можност, бидејќи ние се понудивме и тогаш, слично како и сега. Јас имав прес конференција неколку месеци пред да се прифати бугарскиот диктат и повикав и тогаш на политички консензус околу важните прашања посебно како што е прашањето со европската интеграција, тие таа шанса ја пропуштија и сега овде е само изговор затоа што е вознемирен нивниот коалиционен партнер  или надреден, а тоа е ДУИ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во Дневникот на ТВ Сител во „Тема на денот“.

Претседателот Мицкоски истакна дека ДУИ се активираа против повикот за обединување.

„Ако имаме таков тип на консензуски обединувања тогаш ДУИ ќе биде тотално делегитиминирана и дефакториризрана од македонската политичка сцена и за да не влегува ДУИ во директна конфротанција со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не беше повикана тогаш тие го притиснаа копчето и ја извадија на чистина СДС и уште еден во опозицијата кој пише статуси, кој повторно ја пропушти шансата за формирање на ваков тип на обединување“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски продолжи и истакна дека е потребно граѓанско, политичко и општествено обединување околу ВМРО-ДПМНЕ

„Нас ни треба граѓанско, политичко, општествено обединување околу ВМРО-ДПМНЕ за да ставиме крај на поразите кои се резултат на политиките на неколкумина во раководството на ДУИ и неколкумина нивни измеќари во раководството на СДС кој за да печалат на грбот на граѓаните ја доведоа Македонија во оваа состојба во оваа која е и во политичко мочуруште во кое сме сите благодарение на нив“, дециден е Мицкоски.