03.04.2024

Мицкоски: Ковачевски ја обвинува Силјановска за немање легитимитет, човекот кој стана премиер без избори и беше насаден на таа функција

Гордана Силјановска Давкова треба да биде претседател за да ги врати достоинството и почитта и дека таа нема лидерство доаѓа од устата на човекот кој нема изборен легитимитет, кој што е поставен, како што е Ковачевски и тој зборува за лидерство малку е чудно, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот дуелот за Македонија во Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Мицкоски укажа дека тоа им чудно на многумина во јавноста.

„Претпоставувам и гледачите се чудат кога се напаѓа професор кој е избра  за еден од најинспиративните професори на Правниот факултет Јустинијана Прима. Претпоставувам имате луѓе советници кои завршиле таму факултет и ќе ви кажат“, вели Мицкоски.

Во однос на потписите собрани од граѓаните за Силјановска, Мицкоски вели дека тоа може многу лесно да се провери.

„Мнозинството во ДИК го има СДСМ и ДУИ зошто ја замајуваат јавноста и можат да ги отворат тие 28 илјади потписи и да видат дали има повеќе иле не. ВМРО-ДПМНЕ направи синергија помеѓу народот главниот суверен и вториот пратениците кога ја кандидираше“, кажа Мицкоски.