Во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека има многу индиции за криминал и многу докази кои му се доставени, но и сведоштва, потенцирајќи дека ќе има одговорност.„Имаме многу индиции, сведоштва посебно помеѓу првиот и вториот изборен круг се случија многу сведоштва од многу луѓе кои носат докази и сме шокирани. Многу од овие случаи за кои јас зборувам ги евидентираа луѓето кои беа дел од техничката влада посебно во министерството за труд и социјална политика и министерството за внатрешни работи бидејќи таму бевме присутни, има нешто помалку во финансии и администрација и земјоделие“, кажа Мицкоски.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека фронтот против криминал и корупција подразбира распуштање на републичкиот судски совет и советот на јавни обвинители.„Во кампањата ние зборувавме дека создаваме фронт против криминалот и корупцијата и тој фронт подразбира дека ние ќе го распуштиме републичкиот судски совет и советот на јавни обвинители таа ни е целта, но не значи тоа дека сега ние треба да предложиме, така беше протолкувано од владините партнери дека еве сега ВМРО ќе ги распушти едните за да ги постави своите партиски октруирани судии, не, самите тие нека си изберат на непосредни избори“, посочи Мицкоски.