01.08.2023

Мицкоски: За прв пат по 20 години, ДУИ престанува да биде фактор, се повеќе ќе се намалува нивната употребна вредност и затоа е нервозата кај нив

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа вели дека за прв пат после 20 години ништо не зависи од ДУИ

Од зелени повторно се превртеа повторно на националисти, ама тоа е така затоа што не се фактор за прв пат после 20 години, ништо веќе не зависи од ДУИ, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека додека ДУИ веќе не е фактор, кај албанскиот политички блок се консолидира опозициски блок за кој што рече дека влијае врз ДУИ.

Гледаме една друга страна сериозно се консолидира во опозицискиот блок кај албанската политичка сцена во Македонија која што може многу сериозно да го начне ДУИ, и тоа ќе се случи, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека се повеќе  ќе се намалува употребна вредност на ДУИ и затоа е нервозата кај нив и се обидуваат да се свртат накај национализмот и да внесат немир во општеството.

За прв пат во овие 20 години ДУИ не е фактор. Сакаат да бидат фактор и се повеќе ќе се вртат кон национализмот, се повеќе ќе се обидуваат да внесат немир во општеството, се повеќе ќе сакаат да се создаваат проблеми затоа што на тој начин тие пред меѓународната заедница сакаат да се презентираат како фактор. Единствената нивна употребна вредност не е употребна. Тоа е суштината, изјави Мицкоски.