02.05.2024

Мицкоски: ДУИ купува гласови и полни кутии како што беше во Липково за што има пресуда од Управен суд, има најмалку 50 вакви случаи, но не им бега опозицијата

Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите наш иден партнер е условно кажано албанската опозиција во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во телевизија АлсатМ.

Според него народот е јасно против политиките на оваа влада во која се СДСМ и ДУИ. 

„На овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот“, кажа Мицкоски. 

Мицкоски укажа дека ДУИ не може ДУИ да се однесува дека ова е бинационална држава, и додаде дека ова е држава на сите. 

Претседателот Мицкоски информира и за какви информации има за однесувањето на ДУИ на терен.

„Дополнително тоа што го прави на терен ДУИ не е волја на народот, има притисоци, поткупи. Тоа народот не го сака. За ова има сведоштва. Мора да го споменам случајот и со општина Липково во едно избирачко место за каде има и пресуда од Управен суд за неправилности. За што има сомневање за други места, дека тоа се случува и во Гостивар, Тетово. Бројни нерегуларности се поврзани со ДУИ“, заклучи Мицкоски.