Во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој посочи дека Ковачевски има понуда од ВМРО-ДПМНЕ да избере кој од двата предлози за него е прифатлив, па тогаш нема проблем да има лидерска средба.
„Имаат два предлога на маса, нека изберат еден од тие два, не е проблем јас сум подготвен секогаш да разговарам но нека изберат кој од тие два предлога, бидејќи Ковачевски го слушам вели се прифатил, еве повторно кажувам прашајте го и вие како медиум за тоа кој од двата предлога го прифативте. Дали овој со одложено дејство кога Македонија ќе биде членка на ЕУ или избори на есен па гаранции“, дециден е Мицкоски.
Тој додаде дека кога ќе го слушне тоа, одма истиот ден ќе иницира лидерска или тимска средба.
„Ако ја погледаме вистината во очи ќе дојдеме до заклучок дека тие не може да испорачаат, тие немаат 80 пратеници со конвенционални методи помина една година гледаме дека нема, па малку и повеќе од конвенционални, во некои моменти се поминува и рубиконот но еве да речеме дека е во рамките на конвенционалноста“, изјави Мицкоски.
Тој потенцираше дека власта нема 80 пратеници што значи дека нивната политика пропаѓа.