07.10.2022

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е доволно голема сама да го избира коалицискиот партнер, ние ја црпиме силата од народот

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, ако не и единствена, која што е доволно голема и ја има можноста сама да го избира коалицискиот партнер, без да биде условувана или пак уценувана, а поа ќе се потврди и на следните предвремени парламентарни избори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија истакна дека тој е спокоен и дека за идните евентуални преговори за владино мнозинство со потенцијалните коалициски партнери се важни програмските принципи каде што ќе може да се разговара за ветувањата дадени во изборната кампања.
„ВМРО-ДПМНЕ е голема политичка партија и можеби е единствена која што ја има можноста коалицискиот партнер да го избере сама, без да биде условувана или уценувана, тоа ќе го видиме и на следните предвремени парламентарни избори. Но, јас сум спокоен и мирен, мене ми е важно да, со онаа политичка партија со која што ќе седнеме да преговараме за владино мнозинство, да има пред се програмска хемија, да можеме околу програмата да се договориме. Ние можеме околку ветувањата да се договориме. Она што е важно за мене, за тоа стоиме и треба да се договориме со потенцијалниот коалициски партнер, тогаш јас мислам дека сме ја постигнале вистинската цел“, истакна Мицкоски
Во однос на коалицискиот потенцијал, Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има голем потенцијал за соработка и не само со албанските политички партии, затоа што во Македонија освен Македонци и Албанци има и други етнички заедници кои се претставени со свои политички партии, но, во Македонија кога се зборува за коалициски потенцијал, за жал, се мисли само на коалициски потенцијал меѓу македонските и албанските политички партии.
„За вториот столб, за коалицискиот потенцијал ВМРО-ДПМНЕ, ако тука зборувате за коалицискиот потенцијал со албанските партии во Македонија, кога ќе се спомне коалициски потенцијал се мисли на овој коалициски потенцијал. Но тогаш јас не мислев само на тој, бидејќи во Македонија покрај Македонци и Албанци има и други етнички заедници кои што се претставени преку со свои политички партии, има други политички партии кои што се сега дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а претходно не беа, има партии кои што биле а сега не се во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Кога зборувам јас коалицискиот потенцијал, мислам на коалициски потенцијал на политичката сцена“, рече Мицкоски.
Во однос на тоа со која партија од албанскиот блок би коалицирал за формирање на идна Влада, Мицкоски истакна дека ја преферира опозицијата.
„Јас ја преферирам албанската опозиција, но, често пати тоа говорам еве ќе повторам и во вашата емисија, сепак има едно правило кое е спротивно на правила и желби, а тоа е Бадентер. А, доколку сакаме да имаме успешни и редовни реформи ние тоа мора да го почитуваме“, посочи Мицкоски.
Мицкоски дециден дека легитимитетот и својата големина, ВМРО-ДПМНЕ ја црпи од народот, затоа што во периодот од четири и пол години колку што е на чело на партијата, научи дека за да се биде голема партија и да се има голема програма и цел треба од самите себе да се свртите кон народот, нешто што ВМРО-ДПМНЕ и го направи.
„Научив една работа, политичка партија за да биде голема, за да има голема програма, за да има голема цел мора да се сврти од самите себе кон народот, затоа што ако вие не го влечете легитимитетот од народот, и ако вие не работите со вашата структура на дневна основа не сте со тие луѓе посветени. На дневна основа треба да сочувствувате со нив, да живеете со нив и да разговарате, да помагате колку можете да помогнете, да разговарате со граѓаните потоа, да видите што е тоа што нив ги мачи и изворноод граѓаните да го добиете легитимитетот како дел од вашата програма, а потоа да ја придобиете доверба и како политика и од влада и локална самоуправа. На крајот на денот, мојот совет е дека народот е тој кој што дава и од кој што извира легитимитетот на политичарите во Македонија. И редно е политичарите во Македонија да почувствуваат што народот сака“, истакна Мицкоски.