26.11.2023

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 1 милијарда евра во 4 годишен мандат или 250 милиони годишно за општините за капитални инвестиции, ќе покажеме дека не се сите исти

Проектот кој ВМРО-ДПМНЕ има намера да го аплицира, тоа е проектот да обезбедиме 250 милиони евра годишно од централниот буџет за инвестиции капитални во општините за основни потреби. Затоа што овие од безрбетници кои ја понижија и опљачкаа Македонија устата им е полна со Европа, но некако граѓаните во Македонија ги немаат можностите да ги имаат основните услови за живот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата  „Платформа за иднина – Економски принципи“ во рамки на кампањата Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски истакна дека сега со оваа влада граѓаните немаат водоводи, немаат канализација, немаат асфалт, нема училишта, нема градинки.

– Нашиот пристап ќе биде спротивен на нивниот, да интеграциите на Македонија во Европа, но приоритет се нашите граѓани. Тие се нашиот суверен, тие ни ја даваат довербата и ајде да видиме сега кои се нивните потреби и ние од централниот буџет да инвестираме да можат тие пари потоа да ги обезбедат основните потреби за нашите сограѓани, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека такви ќе бидат инвестирани во еден 4 годишен мандат околу 1 милијарда евра или 250 милиони евра годишно.

– Ние нема да бидеме влада која ќе инвестира само во општините каде што се градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку планираме да бидеме влада која ќе инвестира на целата територија без разлика од која политичка партија е градоначалникот или пак е независен. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира веднаш половина од оваа сума во 2024 година да инвестира и цела сума во 2025 година. Тоа ќе биде еден од водечките проекти, да ја доближиме работата владата до секој наш граѓанин. Перцепцијата кај народот сега е дека сите се исти, да ја смениме таа перцепција, да може граѓаните го почувствуваат бенефитот од работата на владата, рече Мицкоски.