Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Република вели дека власта нема проактивна политики за привлекување на странски инвестиции посочувајќи дека изјавите од страна на власта дека ќе држи лекции за економија, се сведоа на држење на лекции за крадење.
Нема власта проактивна политика за привлекување на странски инвестиции. Викаа лекции ќе држат, но може да држат лекции само за крадење. Додека Спасовски го држи министерството за внатрешни, додека има обвинителство и судство кое што е партиско, ќе биде така. Кога сето тоа ќе биде ослободено од овие луѓе ќе си дојде и одговорноста, изјави тој.
На прашањето кој е неговиот коментар за новото задолжување од 500 милиони евра и за што ќе ги потроши тие пари владата, Мицкоски нагласи дека откако ја доведоа државата во бездна и под знак прашалник е ликвидност почнаа да се задолжуваат кај ММФ и Светска Банка, но како што истакна добро е што од таму се позајмуваат бидејќи и двете институции ќе вршат контрола и мониторинг каде владата ги троши парите.
Откако ја донесоа државата во бездна, откако ја доведоа под знак прашање ликвидноста на државата односно редовната исплата на плати, пензии, обврски кон стопанството итн, сега се обраќаат до единствените институции кои што стојат на располагање, тоа се ММФ и Светска Банка и добро е што од таму позајмуваат бидејќи ќе имаат зголемен мониторинг и контрола, рече Мицкоски.