Има многу референтни статии на сериозни медиуми на кои се повикуваат на извори од ЕУ дека проширување во следни 15 години ќе нема. Знам на една моја средба со претставник од влијателна држава од ЕУ, на која што го поставив тоа прашање дали ни гарантираат дека до 2030 година Македонија ќе стане членка на ЕУ и ако се случат сите работи, тој грчеше рамења и рече дека не може да гарантира. Ова го тврдам најодговорно, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ.
Мицкоски истакна дека таков тип на гаранција никој не може да даде ниту еден сериозен политичар и дека тоа го прават политичари кои се занимаваат со лажни вести, полни со неуспех, криминал кои немаат што друго да понудат.
– Тоа може да го прават луѓе, политичари кои се занимаваат со лажни вести., кои немаат друга автентична политика, ниту економска, ниту социјална па дури ниту меѓународна и практично како коцкар кој изгубил се, фрлаат се на една карта длабоко во ноќта, а тоа е во нивниот случај да го лажат народот бидејќи ништо друго не им преостанува освен тоа, за да си го оправдаат своето предавство, неуспехот на политиките, многу криминал, корупција, лош здравствен систем, катастрофално образование, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека би сакал и порано тоа да го направиме, да можеме достоинствено да седнеме да испреговараме, и реформираме и порано од 2030 година, но власта не оддалечува.
– Затоа што од 2000 година кога го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација поминаа многу години, две децении за позади нас, многу генерации се иселија, некои се родија и сега се на факултет или ја напуштија Македонија, а зборуваат за европскиот сон. Јас би сакал да се случи многу порано, но од ова што можам денеска да го видам, ова на владата не е европско однесување, полно си криминал, лоши политики, отсуство на реформи и тоа само не оддалечува од тој пати, нагласи Мицкоски.