16.02.2023

Мицевски: СДС сама себе се блокира и не може да избере нова Влада

„Почитуван потпретседателе закажавте почеток на седницата за 21:30 часот а касните 15 минути. Потоа излегува секретарот за меѓународни односи на СДС и вицепремиер Маричиќ и обвинува дека опозицијата нема аргументи и го блокира Сонранието за да не може да се одбере Влада”, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Мицевски посочи дека од една страна обвинувате за блокада од опозицијата а од друга страна пред 10 дена на една национална телевизија велевте дека Собранието работи и дека сме донеле 374 закони, 140 одлуки и 20 ратификации.

„Па како ќе се одбере Влада кога има 3 пратеници од СДС во Собрание присутни од партијата од која доаѓа вицепремиерот и меѓународен секретар и обвинува дека без аргументи зборувала опозицијата”, рече Мицевски.

Мицевски запраша за тоа кој да ги слушне аргументите? Скапиот ПР што го промовирате и што кажува она што сакате да го слушнете вие? А од друга страна анкетите кажуваат сосема друга работа.

„За жал пратениците од власта од срам бегаат затоа што цел ден треба да слушаат што се не изработила оваа ненародна власт во државата”, посочи Мицевски.