16.06.2023

Митева: Уставни измени под бугарски диктат нема, СДС да каже кој двата предлози е прифатлив, немањето одговор кажуваа дека не сакаат решение

Не станува за никаков променет политички став во врска со уставните измени, јасно и гласно потврдуваме дека уставни измени под бугарски диктат нема да се случат, што го кажуваме целиот изминат период, истакна за „Само вистина“ на Канал 5, Марија Митева, член на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ потенцирајќи дека СДС во изминатиов период имаше можност да се одлучи кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати.

–  Дали ќе имаме уставни измени со одложено дејство и дали ќе имаме влада без ДУИ. Сите релевантни анкети покажуваат дека на граѓаните им е потребно. Јасно е дека СДС не може да носи внатрепартиски одлуки затоа што одлуките ги носи нивниот коалиционен партнер кој практично владее во државата, а тоа е ДУИ. И вториот предлог кој беше, ајде веднаш на избори, а потоа оној кој ќе биде поразен да ја поддржи владата, да обезбедиме економски пакет, да обезбедиме гаранции кои ќе значат заштита на македонскиот идентитет, истакна Митева.

Митева потенцираше дека СДС треба да излезат од матрицата на растурање пердуви затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема да влегува во такви игри и политички калкулации ќе продолжи да ја зборува вистината, кој навистина се грижи за македонските национални интереси, кој сака навистина да види решение.

– Во однос на легитимитет и ставови, да нема дилема во однос на ставот на ВМРО-ДПМНЕ овој парламентарен состав нема легитимитет за уставни измени. Многу е голема разликата кога се обидувате во јавноста да презентирате нешто како променет став. Кога кажувате политички пораки треба достоинствено и целосно јасно и разбирливо да се читаат. Легитимитетот кој овој парламентарен состав го нема е факт, но проблемот кој го создаде СДС и ја стави државата во ќорсокак, буквално да бира сега, да или не, не обврзува повторно по трет пат да понудиме решение за излез од ситуацијата во која СДС ја однесе Македонија, рече Митева.

Митева посочи дека ВМРО-ДПМНЕ досега даде три предлози до СДС, но јасно е дека СДС не сака решение заради нивната политика сега сме во ќорсокак.

– Предложивме да бидеме дел од работни групи на 5 ресори, меѓу кои работна група за интеграција на Македонија во ЕУ. Имаше прес конференција претседателот Мицкоски, за десетина минути беше одбиен предлогот. Ако сакале национално единство и еден став на заштита на македонските национални интереси немаше веднаш да го одбијат предлогот. Сакаа сами да го водат процесот и видовме до каде не донесоа.   Вториот предлог беше хрватскиот модел. Токму претставници од СДС и ДУИ го даваа хрватскиот модел за устав како соодветен пример и  треба Македонија да го искористи и третиот предлог е овој сега. Апелирам во СДС да седнат и да се договорат дали сакаат решение. Немањето на одговор на сите понуди покажува дека тие не сакаат решение, нагласи Митева.