СДС уште го тврди она за што лажеше година дена и за што Македонија удри во ѕид, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на партијата во врска со тоа што СДСМ уште тврди дека ќе обезбеди мнозинство и ќе го убеди ВМРО-ДПМНЕ да ја тргне блокадата.
Митева кажа дека СДС како партија е целосно делегитимирана.
„И на крајот од денот не е повеќе важно што мисли СДС кога тие се комплетно делегитимирани“, изјави Митева.