22.09.2023

Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осуети планот на ДУИ-СДС и Груевски, ВМРО-ДПМНЕ е кохезивно уставни измени под бугарски диктат нема да се случат

-На вчерашниот состанок на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се разговараше за актуелната политичка, економска состојба во Македонија. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ и централниот комитет ги реафирмираа ставовите кои што како политичка партија изминатите денови ги презентиравме пред јавноста, а кои што се однесуваат на осуетување на планот кој што го има власта во моментот, а тоа е оската ДУИ-СДСМ и за жал поранешни функционери од опозицијата кои што им се ставиле на располагање на власта се со цел да се внесе раздор во македонскиот народ, во опозицијата и обид да се направи промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ односно на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за неизгласување на уставни измени под бугарски диктат, истакна Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол  во своето гостување на телевизија Алфа.

Митева дополни дека централниот комитет ги поддржи и своите 44 пратеници кои што остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат.

-Дополнително морам да потенцирам дека централниот комитет даде максимална поддршка на сите 44 пратеници од пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои што остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат, вели Митева.

Во текот на своето гостување Митева порача дека значајно е тоа што паднаа тезите на СДС дека со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг кои доста долго време го пишуваа во своите соопштенија, прес конференции и слично.

-Она кое е  значајно е дека паднаа тезите на СДС кои континуирано ги пласираа во јавноста дека практично со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг и тоа ако направите една анализа во нивните соопштенија ќе видите дека можеби во 80% беше една теза која што континуирано ја пласираа, заклучи таа.

Митева на крај порача:
-Така што денеска можеме да ги видиме различностите за тоа како и во која насока раководството на ВМРО-ДПМНЕ планира да раководи и со партијата, но и со Македонија во иднина. Доста им е на Македонија од порази, доста им е од правење на порази кои што одат на штета на македонскиот народ и од прифаќање на услови кои што не се добри за македонските национални интереси.