30.06.2023

Митева: Апсењето на Тодоровиќ е очаен обид за дефокус на власта од сопствените криминали и неуспешен фолклор за притисоци за Уставни измени

Прашање:Ваш став за поткренатото обвинение против поранешниот градоначалник на Центар кој беше ваш предлог.

Одговор на новинарско прашање: Очаен е обидот за дефокус на власта од сопствените криминали и вообичаен неуспешен фолклор за притисоци за уставни измени под бугарски диктат кои нема да се случат. Владимир Тодоровиќ не е градоначалник веќе 10 години, и исто толку време е надвор од политиката. Да се отвори случај после 10 години, а притоа во државата слободно да се шетаат вицепремиерот Артан Груби чие најтесно семејство купуваше имот на улица Македонија по багателни цени, дваесетгодишниот внук на Али Ахмети да вади неколку десетици милиони евра за да ја купи Соравија, кога Ден Дончев избега од државата иако јавно се виде на снимка како бега со туце пари, во моменти кога премиерот Ковачевски го трпа својот имот и неговата влада си дава концесии на неговото семејство, да потрошите околу 170 милиони евра или 10.5 милијарди денари и да изберете криминален надзор за коридоророт 8 и 10 д, и при сето ова да се занимавате со Тодоровиќ, не е ништо друго туку брутална политичка хајка, дефокусирање од криминалите на власта, и паника во редовите на власта. Вардар не може да ги испере од одговорност и ќе одговараат за секој еден криминал, но и тие од обвинителството кои по своја волја наместо да спроведуваат закон, спроведуваат политички наредби на власта.