26.07.2023

Мисајловски: ДУИ одлучува и ја води државата не СДС, но крајот се ближи и ДУИ ќе оди во опозиција што е здраво и за државата и за самата ДУИ

Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој што истакна дека ДУИ одлучува и ја води државата не СДС, но крајот се ближи и ДУИ ќе оди во опозиција што е здраво и за државата и за самата ДУИ.

„Се уште се неказниви ДУИ. Се ближи крајот. Мора да дојде тој крај, и ние многу пати го велиме ова, дека ДУИ ја води владата. ДУИ ако сака некој закон да помине ќе помине, ако сака некој тендер да помине,  ќе помине, ако сака судија некој да се стави, ќе се стави,  обвинител некој, ќе се стави, ДУИ одлучува. И СДС тоа го знае, го знае секој еден пратеник, вие гледате дека во Собрание не може да се има кворум ако ДУИ не сака затоа во овој момент СДС е уценета од ДУИ за да им поминува се она што сакаат“ истакна Мисајловски.

Потпретседателот Мисајловски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да објасни и обелодени афери, скандали и се она што навистина се случува во владата и државата, за корупцијата и криминалот на власта.

„Јас би спомнал нешто друго, ВМРО-ДПМНЕ пробува да објасни што се се прави во владата, ДУИ е главен чинител, нив ги боли со нивните афери и скандали затоа што се вистина, затоа ги боли, зашто СДС бега да ги објаснува, бега затоа што знаат што се случува“ посочи Мисајловски.

Мисајловски додаде и дека во моментот ДУИ ја води државата не СДС, а кога ДУИ ќе оди во опозиција многу работи ќе се сменат што и е здраво за државата и самата политичка партија ДУИ.