„До сега имаме одлична кампања, голема посетеност имавме вчера во Охрид преубава енергија, атмосфера и јас им благодарам на сите граѓани кои доаѓаат на овие настани. Вакво сплотување одамна не е видено и оваа енергија ни дава плус стимул затоа ги поканувам сите граѓани кои имаат можност да дојдат да ги слушната нашите проекти во платформата 1198, разговараме за секоја тема и секој има можност да праша и да коментира“, изјави Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ2 во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ.
„Во програмата има 1198 проекти каде што секој еден граѓанин може да се пронајде. Сега во Собранието има 120 пратеници, ние во програмата предлагаме 90 пратеници и таа тема треба да се отвори. Сакаме заменик директорите да ги скратиме, сакаме да има што помалку членови во управните одбори, балансерот при вработување исто така да се укине, да отвориме дебата за една изборна единица. Македонија треба да се реформира“, истакна Мисајловски.
Тој додаде и дека она што е стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, ЕУ и НАТО и реформи во Македонија во било кое поле тоа е приоритет и од тоа нема отстапување.