Онаа старата поговорка – Овде нема леб – излезе точна на одреден период, но за сето тоа виновна е власта. Проблемот е што Владата има најголема вина за тоа што се случува воопшто, но и за тоа што се случуваше со лебот. Вината кај Владата е што не најде начин да одговори со мерки, односно да се спротивстави на инфлацијата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Влади Мисајловски на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
Според Мислајловски во една ваква ситуација на инфлација треба да се зголемуваат и платите.
„Имаме зголемување на цените на сите продукти, а платите не пораснаа, потрошувачката кошничка чини многу, затоа има огорченост кај граѓаните. И бидејќи не прават ништо за граѓаните или спроведуваат несоодветни, лоши политики оваа Влада треба да си оди и да има избори“, вели Мисајловски.
Мисајловски посочи „овде нема што нема, нема добар пазар, нема услуга во институции, нема добро здравство, нема добро образование, но, затоа има секој ден скандали, тие знаат да крадат, да лажат и да се товарат на грбот на граѓаните. Ова, додаде тој, како што реков пред некој во Собранието е скандал Влада.
„Ним им треба да излезе некој скандал за да излезе демек они работат нешто. Потоа по анкетите се гледа разочараност кај младите и да токму младите се разочарани од системот, неговата нефункционалност. И во една ваква ситуација тие се фаќаат пак за уставните измени“, рече Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на состојбата во образованието, поточно во училишта каде речиси секојдневно има дојави за бомби.
„Одговор на надлежните речиси и да нема. Како мерки наведуваат сменете ги меил адресите, сега некој сменет протокол. Но, ова е катастрофално. Не дај боже да се случи нешто. Надлежните се расфрлаат со различни зборови, ваква или онаква војна било ова, но наместо тоа нека се фатат за работа. Ова е поигрување со народот, не е решение ова што го кажуваат. Се најавува терористички акт и ништо, ако имавме систем ќе се најдеше решение, но ако не знаат како нека побараат помош“, укажува Мисајловски.
Мисајловски се осврна и на хакерскиот напад во Фондот за здравство и укажа дека никој не знае што се случувало во Фондот тој период.
“Сето ова прави еден граѓанин да не се чувствува безбедно, нема ништо позитивно, се е негативно, се е лошо затоа граѓаните не веруваат на институциите“, заклучи Мисајловски.