Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Само вистина“ на Канал 5 истакна дека милиони ќе се исплатат за коридорите 8 и 10 д, за ништо, односно без да има нешто преземено на терен, воедно власта не демантира дека ќе се исплаќаат пенали, туку само кажува дека тоа ќе се дополнителни трошоци.
– Имаме огромни суми на народни пари кои треба да бидат исплатени за пенали. Во ниеден момент не го демантираат, велат дека не се пенали, само ќе чини повеќе. Договорот е потпишан на 8 март 2023 година, од тој датум во рок од 45 дена прва уплата 50 милиони евра, авансно плаќање. 117 милиони, 80 милиони евра во рок од 14 дена, а другите во рок од 45 дена. Значи 167 милиони евра без ништо да биде преземено, потенцираше Лефков.
Лефков воедно постави прашање до пратениците од власта како тоа демантираат за плаќањето на авансите и пеналите ако не го виделе договорот како што велат, односно од каде знаат, и додаде дека власта се уште не го дава договорот, туку сака да го раскажува.
– Понудата за во Собрание беше договорот да им биде презентиран на пратениците, не да им да им се даде на увид. Како е класифициран, на кој основ е класифициран? Зар треба синдикатите да чекаат да го видат договорот во службен весник кога ќе биде објавен, рече Лефков.
Лефков додаде дека за работните часови од власта користат една опасна флоскула „секогаш во согласност со работникот“.
– Целта на императивните норми како што е Законот за работни односи е да го штити работникот од штетните договори кои може да го склучи. Сите одредби кои се косат со законот за работни односи и одат под работничкиот минимум се неважечки и ова е нон сенс. Цивилизациска придобивка е 40 часовна работна недела а тие сакаат да ја претворат во 60 часовна, изјави Лефков.