12.06.2024

Лефков: Македонија добива власт која знае како се води меѓународна политика, претходната власт не знаеше ни дипломатска нота да испрати

Меѓународните договори треба да се почитуваат меѓутоа договорите се двострани акти, двострани документи кои што треба истите да бидат почитувани од двете страни за таа цел новата влада изработи еден документ дипломатски нон пејпер би рекол во кој што ќе се осврни на сето она кое што е реализирано од наша страна и сето она што не е реализирано од другата страна. Договорите укажуваат на тоа дека има нотирани превземени обврски кои што се однесуваат на институциите и на актите никако на слобода на говорот. Кај нашиот јужен сосед не се сменети табли не се сменети патокази, не се сменети многу аспекти така да за да продолжиме да разговараме за имплементацијата најпрво новата влада ќе се сосредочи на тоа дека исполнувањето на договорите е двострано, двонасочна улица во која што имате обврски меѓутоа имате и права“ кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

Лефков упати прашање до Оливер Спасовски  зошто и покрај пораката од граѓаните на избори се обидуваат да градат стратегија на национално понижување и во момент кога се отвара прашањето за реципроцитет тие влегуваат во одбрана на другата страна.

„Почитуван колега Спасовски имавте прилика да се занимавате со извршна власт за жал ќе бидете запаметен како најлош министер за внатрешни работи, човек кој позади себе остави многубројни скандали многубројни афери како скандалите со не истражените убиства, пасошите и тн, меѓутоа жално е да не ја добиете пораката и сега да градите нова стратегија базирана на национално понижување, зошто во момент кога се отвара прашањето за почитување на договорот од другата страна вие влегувате во одбрана на  другата страна односно зошто не признаете дека до сега не побаравте никаков реципроцитет кога станува збор за меѓународни односи, меѓу нив еден е и договорот од Преспа“ посочи Лефков и додаде:

 „Имавте едно такво жестоко исполнување на обврските внатре во државата кое што и самите сте свесни дека направи поларизација помеѓу граѓаните во Македонија од друга страна немавте ниту една дипломатска нота за непочитување на договорот од другата страна. Сега имаме други луѓе кои што знаат како треба да се води и меѓународна политика и владата и економијата и сметам дека барем минимум треба да ја почитувате волјата на народот и да дозволите да се работи онака како што треба. Барањето за реципроцитет и во случајот со Грција и во случајот со Бугарија се основни човекови слободи и права кои што ги следуваат нашите граѓани“ истакна Лефков.