01.02.2024

Лефков: Бесмислено е да велите дека сте проевропска влада, а да ја скокате општата расправа за важен закон како што е овој за административни службеници 

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во неговото гостување во емисијата„Клик Плус“ на ТВ21, говорејќи за Предлог-законот за административни службеници истакна дека за истиот треба да има општа расправа на која ќе учествуваат сите засегнати и дека ваквото законско решение не смее да помине по скратена постапка како што тоа го прави владата.
„Ако веќе се работи толку долго на овој закон зошто не влезе во редовна постапка? Знаете што значи редовна постапка? Самата дефиниција скратена постапка значи дека се скока една цела процедура во донесувањето на законот, а тоа се вика општа расправа. Општата расправа е теоретска расправа во која што треба оние кои што се предложени, членови, одредби, начела принципи итн. Треба да влезат во една правна анализа. Зошто се скокна тој дел? Кога имате скратена постапка се вели за несуштински и мали измени, тогаш одите на втората фаза, а тоа е расправање по амандмани. Вие скокате една цела фаза, односно Собранието наместо дом во којшто треба да денбатираме и да дискутираме, вие намерно ја злоупотребувате Комисијата за европски прашања, не само со европско знаменце, туку и во скратена постапка влегуваат повикувајќи се на членови од деловникот којшто се однесуваат на мали, минорни измени во законите. Скратените постапки постојат и се потребни, не велам дека не се потреребни, меѓутоа не за вакви решенија“, потренцираше Лефков.
Тој исто така додаде дека владата се самопрогласува за проевропска, но со тоа што ја скока општата расправа за еден ваков важен закон го докажува токму спротивното.
„Нонсенс е да велите дека оние коишто ни се приоритети и во извештајот на ЕК и ќе ве потсетам дека јавната администрација е еден од критериумите по коишто не оценува ЕУ, во држава со влада која што вели дека е проевропска вие да ја скокате општата расправа по законот тоа е нон сенс. Тоа е бесмислено“, нагласи Лефков и додаде: 
„Најголемите синдикални здруженија денеска беа пред Собрание. Имаше преставници на стотина институции со име и со презиме коишто протестираа против законот. Имате една верзија која што е на ЕНЕР, друга верзија која што стига во Собрание. На овој начин немаме реформи во Македонија, не допринесуваме на ништо“.