11.01.2023

Коцевски: Средбата помеѓу Ковачевски и Шоле заврши без заедничка прес конференција, тоа укажува дека Ковачевски не поминал добро на средбата

„Денешната случка кога не беше дозволено на новинари да постават прашања на Ковачевски единствено покажува дека оваа Влада е криминална до тој степен што веќе се плаши да и се постават недоговорени прашања“, истакна Зоран Коцевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија,

Коцевски додаде дека Владата толку е заплеткана во криминал и корупција што веќе не дозволува на новинарите да поставуваат прашања што не и се од интерес и за што не сакаат да дознае јавноста.

Во текот на емисијата пратеникот Коцевски се осврна и на денешната посета на Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД   во Република Македонија при што искоментира дека не се сеќава да толку висок претставник да дојде во државата, а да не се одржи владина прес конференција.

„Јас не паметам кога сме имале еден ваков висок претставник на Стејт Департментот да не сме имале заедничка прес конференција во случајот премиерот и гостинот. Немаше таква изјава или прес конференција, имаше едно соопштение и подарување на дрес. од моето искуство мислам дека таа средба не била баш тивка, и мислам дека она што го кажал господинот Шоле помеѓу речениците имало молк, мислам дека таква била средбата. А, според мене мислам дека Ковачевски бил потсетен како тоа еден човек добива македонски пасош, а е на црната листа, тоа е случајот со Онишченко. Тука Ковачевски е потсетен како тој што бил дел од Протоколот за добивање на пасош, станал директор, Заре Милошевски на АНБ, и како се уште стои дека бившиот директор Виктор Димовски се уште може да биде амбасадор во Париз“, рече пратеникот.

Пратеникот посочи дека можеби на средбата Ковачевски од страна на Шоле бил потсетен како синот на Али Ахмети влегол во бизнисот со струја како и сопругата и кумот на премиерот. Исто така можеби Ковачевски е потсетен на ниската доверба на граѓаните во правосудството.

„Мислам дека средбата и не баш била пријатна за Ковачевски и поради тоа изостанала изјава“, нагласи тој.

Коцевски за вчерашната средба во Тирана помеѓу албански парии и Еди Рама рече дека таа средба се има случено по барање на Ковачевски и Али Ахмети.

„Таа средба се има случено според мене по барање на Ковачевски и Али Ахмети се со цел уште кратко време да останат на власт“, истакна пратеникот.

Според него средбата во Тирана нема да го спасат Ковачевски, неговата Влада веќе паѓа, граѓаните бараат предвремени избори.