28.06.2023

Ковачки: Изваден е криминалот на кланот Ахмети, а институциите си ја префрлаат топката, одговорност ќе има и тоа им го кажуваме

Веќе неколку дена објавуваме за криминалите на кланот Ахмети, за коруптивните скандали, бараме институциите да се произнесат за тоа како внукот на пратеникот и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој 20 години суверено владее, како купил објект од околу 30 милиони евра во строгиот центар на Скопје, односно Соравија, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за „За или против“ на Алфа. 

Тој посочи дека сите може да видиме како по однос на укажувањата на ВМРО-ДПМЕ институциите си ја префрлаат одговорноста, прво ДКСК, па министерот за внатрешни го повика обвинителството, а обвинителството ја префрли одговорноста кон други.

– Се некој си ја префрла одговорноста, а никој да се зафати со работа. Практично институциите се во мртвило и никој не презема активности. Затоа излегуваме на прес конференции и повикуваме да се испита, до детали да се испитаат трансакциите. Видовме денеска финансиска полиција со информација дека немало трансакции, како е купен тогаш Соравија? Зошто бараме ЈО да покрене истрага, така е по хиерархија, тие се најодговорни, рече Ковачки.

Според него главното прашање е дали ќе го направат или нема, а во тој случај зошто.

– Видовме слика како во фамилијарна опуштена атмосфера седи таткото на младиот претприемач, кој имал визија и затоа му се отстапени тие 39% од Соравија, дали тој ќе покрене нешто. Мислиме дека нема да покрене затоа што господинот Ислам Абази е токму тој кој поставен по налог на ДУИ и врските кои ги има со таа партија. Имаше и реакции од амбасадорката на САД, која јавно посочи дека е загрижена за начинот на избор, истакна Ковачки.

Ковачки потенцира дека факт е и јасно е на целата македонска јавност, но виде и меѓународната заедница со какви неранимајковци си имаме работа и дека изваден е криминалот на кланот Ахмети.

– Се знае за какви структури се работи, кои лица ја водат државата, како прават мултимилионски суми кои понатаму ќе им требаат за идни процеси кои веројатно ќе бидат водени против нив. Исто така гледаме дека и со помалиот брат продолжува непотизмот, го праќаат во дипломатска мисија без критериуми, тие работи нема кој да ги истражува. Затоа што ако можеше тој обвинител да биде избран со 60 гласа, од обвинители кои малку го познавале, го имаат гласано по директива, се работи за партиски договор, обвинителството е под контрола на ДУИ и СДС, но ДУИ ги води работите, изјави Ковачки. 

Ковачки посочи дека сега на сите им е јасно дека кога ќе паднат од власт покрај политичка одговорност, но мора да има и ќе има друга одговорност и  тоа постојано од страна на ВМРО-ДПМНЕ им се укажува.